Сите пратеници кои во петокот гласаа ЗА, се под полициска заштита, изјави денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

  • Безбедносни проценки на МВР покажуваат дека постоојат ризици за нарушување на безбедноста на пратениците кои гласале За во петокот поради што полицијата распоредила сили за нивна заштита, рече министерот.

Тој тврди дека дел од нив покрај на социјални мрежи добивале и директни закани и дека има сомнежи и дека организирана група стои зад серијата закани.

Досега двајца се осомничени дека преку социјалните мрежи упатувале серизони закани кон пратеници кои гласаа за отварање на уставот за амандмани по него.

Спасовски упати повик до јавното обвинителство да ги испита наводите на опозицијата за поткуп на пратеници, за кои тој смета дека се невистинити.

OhridNews