Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
11.07.26 14:56
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.
Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените.
Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот.
Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката.
Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји. Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата.
Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.
Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид лице од Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта...
Австралиско-македонскиот комичар, автор на содржини и водител на подкаст емисија – My Cousin Vlad роден како Саш Мишевски, на 23 септември пристигнува во Охрид со своето актуелно шоу „Total S...
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков На ср...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.