Извештајот за својата шестмесечна работа, во кој на 13 страници се опишани сите активности кои ги презело Специјалното јавно обвинителство, денес, беше испратен до собранието и советот на јавни обвинители.

Во извештајот Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, најавила дека во најскоро време може да се очекуваат и првите обвиненија и информира дека се започнати многу предистражни постапки, од кои дел се во поодмината фаза, а дел поминале и во фаза на истрага. Според Специјалното јавно обвинителство во изминатите шест месеци биле отворени вкупно 150 предмети. Триесет од предметите се во истражна постапка против 80 лица. За неовластено прислушување покрената е постапка против шест лица, против десет лица за повреда на избирачкото право, против 37 лица за злоупотреба на службената положба и овластување, 12 лица за кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите” и други кривични дела кои се поврзани со изборни нерегуларности.

Обвинителството отворило вкупно 120 предистражни постапки, од кои 50 предмети во 2015 година и 70 предмети во 2016 година.

Во врска со материјлите од прислушкувањето, Јанева информира дека од страна на СДСМ бил доставен еден хард диск и шест кутии со транскрипти во печатена форма кои што по приемот биле сместени во сигурносни сефови. Била формирана и Комисија која треба да ги преслушува материјалите од „бомбите“.

Јанева потенцира дека СЈО секогаш ќе се раководи од принципот на еднаквост на граѓаните и дека неговата цел е спроведување на правдата.

OhridNews