Специјалното јавно обвинитество ја претресува канцеларијата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Во контрола,заедно со полицијата,се обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристовска.

Пред да влезат во судот обвинителките не сакаа да коментираат на што се должи посетата, но неофицијално „Макфакс“ дознава дека се работи за предистражна постапка за кривично дело оддавање службена тајна.

Рокот за истраги и  обвиненија на СЈО истече на 30 јуни.