Специјалното јавно обвинителство на прес конференција што се одржа вчера, се пожали дека обвинителите кои работеле во предистражната постапка за донациите на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, добиле закани од членови на партијата вопросториите на СВР Охрид. 

– Во присуство и на началникот на СВР Охрид ни беа искажани извесни закани, за што подоцна го известивме министерот за внатрешни работи. Воедно ни беше доставен од тие лица список дека тие точно знаат кои 185 лица сме ги повикале, па со оглед на тоа што неповикани лица знаеја кој се е повикан на разговор во тајна предистражна постапка ние и за тоа го известивме министерот за внатрешни работи и секако направивме некои проверки со цел да утврдиме дали е настанато влијание на сведоци, кој тоа влијание го вршел и ве уверуваме дека во најскора иднина ќе следат кривични пријави по однос на наводите коишто ги имаме ние.– изјави специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска.

Таа посочи дека од испратените 185, покани не стигнале до 55 сведоци од Охрид.

OhridNews