Поради многубројните кражби од минатото, скапоцените експонати кои се дел од колекцијата на струшкиот музеј веќе со години се чуваат во банкарски сефови, вели Сашо Цветковски, директор на Музуејот „Д-р Никола Незлобински“  – Струга, јавува „Порта3“.

Како што објаснува Цветковски, освен природонаучната збирка, во музејот не се изложени други предмети поради немањето адекватен простор каде што би се презентирале.

Инаку, последната ревизија на сефовите во кои што се чуваат скапите експонати се правеле во јануари 2013-та година.

OhridNews

извор: „порта3“