Специјано обучени нуркачки екипи денеска на повеќе локации извршија снимање на дното на Охридското Езеро каде има опасни експлозивни средства кои ќе бидат отстранети во рамки на акцијата што ја спроведува  Дирекцијата за заштита и спасување. Во операцијата за чистење на Охридското Езеро логистички се вклучени и МВР, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа на Охрид и Охридската Капетанија.


Неескплодирани мини, бомби, гранати од најразличен калибар, како и други експозивни убојни средства има на четири локации. Опасните материи се наоѓаат на  оддалеченост од 50 до 100 метри од брегот, на длабочина од 4 до 5 метри. Нивното отстранување ќе започне утре со акција на потегот околу Градското пристаниште во Охрид.


Акцијата се реализира со помош на Меѓународниот заштитен фонд за деминирање и помош на жртви од мини, а донатор се САД кои таа намена издвоија 160 илјади евра, со кои е набавена најсофистицирана опрема за подводни активности што за првпат се користи во Република Македонија.

Ohridnews