Синоќа во 21:35 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, при преглед извршен на 23-годишно лице од Скопје, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронашле една најлонска кеса со опојна дрога марихуана.

Дополнително, при претрес во домот каде истиот престојувал, пронајдени се кеса со дрога марихуана, една најлонска паковка со амфетамин, четири семенки од растението канабис сатива и други предмети. Истите се одземени, а лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Исто така синоќа,  во 19,15 часот, пред кладилница лоцирана на улицата „Кленоец“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир. Како што информира полицијата, 45-годишен охриѓанец физички нападнал 28-годишен сограѓанин. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews