Владо Броз и Марама со нова песна – „Скопјанка“ за крај на летото.

Популарниот охридски музички тандем Владо Броз и Марама ја промовираше новата песна насловена „Скопјанка“, која од денеска е достапна за публиката заедно со видеоспот.

Песната е во препознатливиот музички стил на охридското музичко дуо. Текстот го потпишува Огнен Неделковски, додека музиката и аранжманот се дело на Јовица Каралиевски. Песната е снимена во K2 Production Studio.

„Скопјанка“ доби и видеоспот, зад кој стои Stefan Stojkoski Videography, а главните улоги во него ги толкуваат Благоја Трајкоски и Викторија Тодоровска.

Владо Броз и Марама велат дека новата песна е нивен музички подарок за публиката за крајот на летото.

Ко за крај на лето да ги почастиме нашите обожаватели од Охрид, Скопје и секако цела Македонија. Оригинално наш стил… Се надеваме дека ќе влезе во уво лесно. Од нас за сите вас, порачуваат Владо Броз и Марама.

Г.М.