Sky Corner

Од 31.12.2021 - 13:00 до 02.01.2022 - 12:00

Со добра музика, во одлична атмосфера, хотел „Скај Корнер“ организира дочек на Новата 2022 година. Новогодишната атмосфера ќе започне со „Трио бенд“ на 31.12 во 13 часот, а еуфоријата ќе продолжи од 21 часот со група „Броз“ кои ќе се погрижат за одличен дочек на новата 2022 година.
Во првиот ден од годината, од „Скај Корнер“ организираат денска забава со DJ ACE која ќе започне од 13:00 часот, а вечерта ќе се заврши со чалгиите од  „Ансамбл Билјана“ во кои гостите ќе може да уживаат од 20:30 минути.  Исто така, и  во вториот ден од Новата година ќе биде организирана денска забава со DJ ACE со почеток во 13:00 часот.

 

OhridNews