Понудата на Охрид полека добива нова, модерна димензија, која создава додадена вредност на туристичкиот производ во градот каде непрекинато седум милениуми има цивилизација која во наследство ни оставила извонредно природно и културно богатство заштитено од УНЕСКО. На новите генерации, пак, e да ги чуваат универзалните вредности препознаени од светот и да создаваат нови, секој во својата област. Но, ниту една не е толку под опсервација на будното око на посетителите како што е угостителството.

Една таква, модерна и квалитативно поразлична приказна од таа на која што сме се навикнале кај нас е „Sky Corner“. На чекор од чаршијата која води кон древноста испреплетена низ сокаците на стариот дел од Охрид, ќе ве пречека ултра модерен хотел, со концепт многу поинаков од стандардната понуда на ривиерата. Разликата ќе ја почувствувате уште на самиот влез. Покрај љубезниот персонал, ќе ве пречекаат уникатни слатки со оригинално белгиско чоколадо кои специјално за слаткарницата на „Sky Corner“ ги креираше слаткарот со Мишелин ѕвезда Жонатан Гале. Тука ќе најдете и вкусни овошни десерти, кои ексклузивно можат да се вкусат само во „Sky Corner“.

Во склоп на хотелот работи ултра модерен ресторан, кој е строго непушачка зона, што исто така е реткост кај нас. Понудата на ресторанот внимателно ја креираа шефови со Мишелин ѕвезди. Тие месеци пред отворањето на комплексот го обучуваа персоналот во кујната и внимателно го креираа менито на „Sky Corner“, кое се состои од 4 доручеци, три предјадења, шест главни јадења и се разбира разноврсни десерти.

Јадењата во „Sky Corner“ се исклучителни и во голема мера поразлични од понудата во Охрид, каде се уште доминира скарата. Кујната на „Sky Corner“ е конципирана по урнек на познатата Француска кујна. Мали порции со исклучително богати вкусови за вистинско гастрономско уживање.

Јадењата се подготвуваат од свежи намирници кои внимателно се одбираат и набавуваат од сигурни добавувачи, па така во „Sky Corner“ може да се вкуси свежо морско, салата од патка или специјалитет од патка, филе мињон, песто салата со младо козјо сирење, но и специфични специјалитети како „Телешки образ“, бифтек, лосос на повеќе начини, како и други јадења кои ги нема на друго место на ривиерата. Супата од лосос и крем супата од вргањ, се вистински избор за сите сладокусци, а цените на специјалитетите се пристапни.

Менито во ресторанот на „Sky Corner“ ќе се менува од сезона во сезона и ќе се подновува со по 10 нови специјалитети, за чија подготовка се користат во најголем дел свежи намирници. Кујната во  „Sky Corner“ располага со опрема која е последен збор на технологијата, како што е бласт чилер за брзо смрзнување при што намирниците не ја губат свежината и хранливите вредности. Тоа не само што ја олеснува работата, туку овозможува да се стандардизира понудата на храната која секогаш има ист квалитет.

Барот на „Sky Corner“ кој се наоѓа на покривот од хотелот, е приказна за себе. Од погледот на стариот град, езерото и центарот, уреденоста, до понудата на пијалаци и коктели кои се прават од најквалитетни брендови. Само тука ќе најдете ексклузивни француски вина кои од неодамна ги произведува винаријата „Тиквеш“, како и врвни  италијански вина по прифатлива цена.

Коктел менито во барот на „Sky Corner“ е единствено, не само во Охрид, туку и во земјата. Нуди 10 трејд марк коктели коишто можат да се најдат само во „Sky Corner“. Меѓу нив е и Староградскиот коктел со наша лозова ракија, кој исклучително добро е прифатен од посетителите. Бармените кои ги изработуваат коктелите активно посетуваат обуки и учествуваат на натпревари. Во септември ги очекува нова обука на Кипар. Знаењата потоа  тие ќе ги пренесат на колегите во Охрид. Континуирани обуки има и останатиот персонал.

Хотелот „Sky Corner“ располага со 17 модерно уредени соби, како и со бјути салон, салон за масажа, солена соба, фризерница, педикир и маникир.

И да, се ова е во Охрид, градот кој тежнее да се етаблира на светскиот туристички пазар кој во време на интернет и планетарна поврзаност станува исклучително пребирлив. Само добрата понуда и квалитетот можат да не издвојат од конкуренцијата, а „Sky Corner“ е пример за тоа. Наше, а светско.

OhridNews
фото А. Момироска/Sky Corner