Помал потрес беше почувствуван во Охрид, синоќа околу 19.20 часот.

Според извештаите на Медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтер во грчкото епицентрално подрачје, 115 километри западно од Солун.

Неодамна во охридското беа почувствувани два посилни потреси со јачина од 4,5 степени според Рихтер. Епицентарот беше во  подножјето на Илинска планина во Дебрца, при што беа оштетени речиси 200 стари куќи во десетина села.

OhridNews