Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја призна судиската неправда што беше извршена над Македонија во квалификацискиот натпревар против Русија за ЕП 2012 што се играше во петокот, откако му додели незадоволителна оцена на турскиот арбитар Булент Јилдерим.


Овој делител на фудбалската правда ја оштети македонската репрезентација во 41. минута кога не досуди очигледен пенал за нашиот национален тим на гостувањето во Москва. Пропустот се случи во 41. минута, а веднаш во следниот напад Русија ја искористи деконцентрацијата на нашите најдобри фудбалери и поведе со 1-0 преку Семшов. Резултатот 1-0 се покажа како конечен и доволен за победа на фаворизираниот домаќин.

Во образложението при оценувањето на УЕФА се вели дека Јилдерим направил чисти грешки во вкупно пет моменти, а како убедливо најкатастрофален пропуст се спомнува недосудениот удар од белата точка по фаулот што беше направен над Пандев.

Ohridnews