Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време. Максималната температура ќе достигне до 30 степени Целзиуови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.

Во сабота ќе имаме сончево и топло време  со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура во сабота во Охрид ќе достигне до 31 степен Целзиуов, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.

Сончево и многу топло ќе биде и во недела и понеделник, информира УХМР Македонија.

OhridNews