Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Заклучокот и ставот, дополни, е дека на почетокот на следната недела ќе правиме нова проценка, сметам дека ќе имаме резултати од полицискиот час. – Денеска имаме помалку од 1000 случаи, наша проценка е дека веќе викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час како што е препорачано сега, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање кои се следните мекри доколку дојде до вложување на ситуацијата со пандемијата.

Станува збор само за поединечни училишта таму каде има проценка од страна на епидемиолозите дека таква мерка треба да се препорача а за заштита на учениците и наставниците во тие одделенија. Значи сега е препораката да се продолжи вака како што е сега планиран системот, рече Филипче.
OhridNews











