Вчерашниот ден беше еден од најтоплите ова лето, но измерените 31 степен Целзиусов во Охрид уште изгледаат подносливо, бидејќи во текот на оваа недела не очекува екстремно топло време со температури до +40 степени.

Исклучително топлото време според најавите ќе потрае до крајот на оваа недела.


________________________________________________
Извор УХМР

Најавениот топлотен бран негативно ќе влијае кај осетливите луѓе кај кои може да се јави чувство на замор и главоболка. Најмногу проблеми тоа им создава на хроничните болни кои треба да избегнуваат излегување надвор во најголемата жештина. Се препорачува лесна исхрана и внесување доволни количини течност.

OhridNews