Делегација на Република Словачка, предводена од амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш, во придружба на потпретседателот на Жилинскиот самоуправен регион, Милан Лауренчик, генерелниот викар на епархијата на Жилина, како и градоначалникот на Терхова, Јозеф Давидик и директорот на градскиот културен центар Терхова, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

На средбата се разговарало за остварување на соработка во областа на културата со поставување на изложба во Охрид како почеток на една подлабока соработка во иднина, како и за можностите за соработка во областа на туризмот.

Од страна на словачката делегација, на градоначалникот Стојаноски, му била врачена официјална покана за присуство на јубилејното издание на културната манифестација посветена на Сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.

Делегацијата на Република Словачка, заедно со делегацијата на Општина Охрид денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј.

OhridNews