Расположена публика, смеење до солзи и многу креативен хумор, го одбележаа големото шоу со кое извонредното актерско дуо „Two mothers brothers“ (Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски) го одбележаа јубилејот 5 години на сцена.

Никола и Стрезо на сцената беа поддржани од Никола Јосифоски и Јане Тодороски, а шоуто го збогатија бројни гости и пријатели, како и спасителите од Службата за спасување на планини приредувајќи вистински спектакл во исполнетата голема сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Главен медиумски покровител на шоуто беше OhridNews.

фото: Емил Јовановиќ