По првите 45 минути избраниците на Фатих Терим имаа негатива од 2-0. На стартот од вториот дел Снајдер се разбуди и веднаш го намали водството, а подоцна беше лидер на екипата до победата.
Изедначувачкиот погодок го постигна Јилмаз, а тој беше стрелец и на погодок за водствот додека конечната победа ја запечати Инан во финишот од мечот.
Галатасарај со 46 бодови е прв на табелата, второпласиран е Фенербахче со 40 додека третата позиција е резервирана за Бешикташ со 39.