“Кралскиот клуб“ Реал Мадрид е противник на Галатасарај во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Затоа португалскиот стратег Жозе Мурињо во живо го проследи натпреварот на Галатасарај во турската Супер лига.


Во “дрим тимот“ на Галатасарај настапува Весли Снајдер, играч кој беше алфа и омега во екипата на Интер по палката на Мурињо. Тој откако постигна погодок му го посвети него, а Терим пред почетокот на мечот срдечно го пречека Мурињо во “вип местата“.


Мх.П.