Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонија Пат. Снег провејува на Ѓавато и Буково.

Од 07: 15 часот укината е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. На патниот правец Струга-г. п.Ќафасан (до село Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

OhridNews