Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово, додека на Ѓавато снежните врнежи се со умерен интензитет, но не се задржуваат на коловоз. Од 07:05 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на с.Трница поради одрон на земја, сообраќајот се одвива по една коловозна лента и само за патнички моторни возила.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.