До четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а само на крајниот југоисток од дожд и снег.

 

Во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено денеска попладне до четврток претпладне. Снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 cm. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cm нов снег. Стабилизација на времето ќе има од петок, информира УХМР Македонија.