Спортско-риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид, бара од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ веднаш да прекине со одлагањето на собраниот снег од улиците директно во водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште.



„Снегот кој се фрла не е чист и во него  има остатоци од разни масла, нафта,олово , други метали и неметали, остатоци од цврст отпад , разни хемикалии и органски материи.Со фрлањето на собраниот снег во водата ќе се нанесе штета на целиот еко-систем на Охридското Езеро“, предупредуваат спортските риболовци.

 

„Тоа е исто како да ги измиеме улиците во Охрид и непречистената вода да ја фрлиме директно во водите на езерото“, реагираат риболовците.


Од спортско-риболовниот клуб апелираат снегот собран од улиците и натоварен во камионите да се однесе надвор од сливното подрачје на Охридското Езеро и подалеку од бунарите од кои Охрид се снабдува со вода за пиење.

Ohridnews