Снежна покривка утрово ги разбуди охриѓани од идиличниот сон. Снегот кој во текот на ноќта падна го забави сообраќајот во Охрид. Службите на “Македонија пат“  и ЈП “Охридски Комуналец“ го чистат снегот на главните улици низ градот, но сообраќајот се одвива отежнато. Граѓаните ја извршуваат својата законска должност и го отстрануваат снегот од своите дворови, правејќи пат за пешаците.

Инаку, сообраќајот на сите магистрални и
регионални патни правци низ државата се одвива отежнато во зимски
услови поради врнежи од снег и остатоци на коловозот. Врнежите од снег
моментално се престанати во пониските делови, а се бележат сеуште на
планинските превои и повисоките места во западна и југозападна
Македонија.


Од
АМСМ информираат дека забрани и ограничувања нема, единствено на
планинскиот превој Пресека е задолжителна употребата на зимска опрема
само за тешките товарни возила. На планинските превои и мостовите можна
е појава на голомразица поради ниските температури. На возачите им се
препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината на
движење.


На патните правци низ засеците и клисурите можна е
појава на поситни одрони. Интензитетот на сообраќајот е умерен надвор
од градските средини. Возачите се потсетуваат на нивната законска
обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.



М.П.