Првиот снег во Охрид дојде пред официјалниот почеток на зимата. Белата прекривка го разубави градот. Охридскиот кеј во „зимски амбиент“ е вистински празник за очи, додека по чаршијата се забележуваат само остатоци од кашест снег.

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од утринава преземаат интензивни активности за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки, чаршијата и останатите јавни површини, информираат од претпријатието.

Со цел да се обезбеди поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот ставена е на располагање  целокупната механизација, како и моторните чистачи за снег со дувалка. Со помош на механизација на која се приклучени ножеви за чистење на снег и епохи се расчистуваат прво коловозите од улиците со највисок приоритет и ризик во зимски услови „Стар Град“ „Гоце Делчев“ (бараки), централните фреквентни сообраќајници, а се продолжи со патот до с. Велестово и с. Елшани. додаваат од Ј.П „Охридски Комуналец“.

Според најавите на синоптичарите во следните два дена времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои насекаде низ државава ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -10 до -2 степена. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Првиот снег го разубави Охрид

К.А.