Поради постоење основи на сомнение, дека го сторил казненото дело „Давање поткуп“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(49) од  Република Албанија, на кого од страна на истражен судија, одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа. 

Пријавениот на 16-ти овој месец, во Охрид, со банкнота од 50 евра, се обидел да поткупи двајца полициски службеници од сообраќајната полиција, вметнувајќи ја банкнотата во нивните службени документи. Притоа, А.М. на полициските службеници им кажал дека сака да ги почасти, обидувајќи се на тој начин, да ги одврати  од намерата да ги преземат законските службени дејствија, да изготват записник и платен налог, за сторен сообраќаен прекршок. 

Откако, тоа го направил, со намера да ја одбегне глобата, пријавениот,  самоиницијативно, се обидел да си ги земе возачките исправи, личната карта и зелениот картон, и да си замине.

OhridNews