Со Манифестацијата „Бело лето“ и оваа година ќе биде означен почетокот на летната туристичка сезона. На 7 јули во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе биде прикажана  драмата „Коштана“ во изведба на театарот „Славија“ од Белград, а за сите кои сакаат да ја проследат претставата влезот е бесплатен.

На 8 јули како дел од Манифестацијата „Бело лето“’ на плажата Лабино со свој перформанс ќе настапи светски реномираниот џез музичар Владимир Василески–Четкар.

OhridNews