Со гала вечера, чиј домаќин беше Градоначалникот Никола Бакрачески, на која присуствуваа официјалните делегации и гости на Охрид, како и добитниците на највисокото општинско признание и повелбите, завршија тродневните манифестации во чест на Св.Климент Охридски- Патрон на градот.

Во пријатна атмосфера, во ресторанот на ОСУ “Ванчо Питошески”, со изменет ентериер прилагоден на високите норми за организирање на ваков вид настани,осмислен и реализиран од Агенцијата ИНПАКТ ГРУП од Охрид, со строго утврден протокол, вечерата беше подготвена од студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, под менторство на проф.Ангела Василевска.

Максимално професионално, студентите ги покажаа своите мајсторски вештини во подготовката и  сервирање на вечерното мени, запазувајќи ги највисоките светски гастрономски стандарди.

Од локалната самоуправа потенцираат дека и во иднина, на ваков начин ќе се врши промоција на активностите на образовните институции од градот, давајќи им можност за покажување на нивните стекнати вештини.

OhridNews