Министерството за животна средина додели грант од 2 милиони денари на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ Охрид, по апликација за проект за мониторинг на водоводниот систем, што се финансира преку програмата за вода за 2019 година.
Добиените средства во висина од 2 милиони денари, ќе бидат употребени за поставување контролни и регулациони шахти на територијата на Општина Охрид, со што во голема мера ќе се откријат загубите во системот и ќе се врши регулација на протокот, со што, пак, ќе се подобри водоснабдувањето во целиот град. Истовремено ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за испумпување. – изјави за OhridNews директорот на МЈП „Проаква“, Р.Е. Водовод – Охрид, Владимир Алексиески.

Со одобрените 20 милиони денари во целост ќе се заменат старите и енергетски неефикасни пумпи заедно со комплетната инсталација во пумпните станици Метропол, Трпејца и Љубаништа. Воедно имаме подготвен проект со кој ќе аплицираме преку фондовите за добивање нов грант за поставување на броила со далечинско отчитување како би се намалиле неправилностите околу отчитувањето на потрошената количина на вода од една страна, а во исто време благовремено ќе се откриваат дефектите на инсталациите кај потрошувачите после нивните броила со алармирање од самите уреди. – истакна Алексиески.

OhridNews












