Општина Охрид од следната година ќе биде една од осумте пилот општини кои ќе ја прифатат ЛОД методологијата и на еден поинаков начин ќе почнат да ги распределуваат средствата кон младинските организации, информираше Димитар Спасески од Секторот за образование, детска и социјална заштита, на неодамна одржата седница на Совет на Општина Охрид.

За таа цел потпишан е меморандум за соработка со УНДП, која е наша партнер организација и која комплетно ќе го контролира и координира процесот во текот на оваа година кога сме во пилот фаза, а веќе од 2023 година ќе треба самостојно да спроведуваме постапки, но доследно почитувајќи ја ЛОД методологијата, рече Спасески.

Станува збор за збир на активности и постапки кои ќе овозможат транспарантен и инклузивен процес во однос на доделувањето грантови за младинските организации, постапка која земјите од Западен Балкан веќе подолго време ја воведуваат, а кон која се приклучува и нашата држава.

За оваа година кога се приклучуваме во рамките на овој проект добиваме грант од 46 000 долари, а дополнително општина Охрид ќе треба да учествува со 25 % сопствено учество се со цел на еден поинаков, потранспарентен и поинклузивен начин да се употребуваат младинските грантови, додава Спасески.

Н.С.Ј.