Со „Фестивалот на зурлата и тапанот“ посветен на македонската изворна музичка традиција и нашето богато културно наследство во организација на Здружението „Оркестар со зурли и тапани” – Вевчани вечерва во 20 часот започнува манифестацијата „Вевчанско лето 2026“.

Очекувајте два месеци исполнети со незаборавни доживувања, врвни уметници, традиција, музика и заедничка прослава на три децении локална самоуправа. Вевчани живее со културата, ја негува традицијата и слави 30 години постоење. Повелете на „Вевчанско лето 2026“ – лето исполнето со култура, традиција и незаборавни моменти, порачуваат од Општина Вевчани.
OhridNews









