Со „Фестивалот на зурлата и тапанот“ посветен на македонската изворна музичка традиција и нашето богато културно наследство во организација на Здружението „Оркестар со зурли и тапани” – Вевчани вечерва во 20 часот започнува манифестацијата „Вевчанско лето 2026“.

Општина Вевчани преку богата културно-уметничка програма ќе го одбележи и јубилејот – 30 години од своето постоење. Во рамки на манифестацијата во текот на јули и август ќе бидат одржани бројни културни, музички, литературни, ликовни, спортски и забавни настани кои, како што псочуваат од Општината, ќе ја прослават традицијата, културата и духот на Вевчани.

Очекувајте два месеци исполнети со незаборавни доживувања, врвни уметници, традиција, музика и заедничка прослава на три децении локална самоуправа. Вевчани живее со културата, ја негува традицијата и слави 30 години постоење.  Повелете на „Вевчанско лето 2026“ – лето исполнето со култура, традиција и незаборавни моменти, порачуваат од Општина Вевчани.

OhridNews