Со врачување на медали на најдобрите учесници, денес во Охрид завршува Јуниорската балканска олимпијада, која се одржа изминатите неколку денови во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за електронски комуникации, министерството за информатичко општество и Факултетот за за информатички науки и компјутерско инженерство.

На олимпијадата се натпреваруваа учесници од Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија и Хрватска кои имаа можност да ги покажат своите знаења во областа на информатиката, односно програмирањето. Се натпреваруваа во решавање алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена. Секоја земја учествуваше со тим, составен од 4 натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот.

Македонија беше домаќин на Јуниорската балканска олимпијада по информатика, како земја-членка на Балканската иницијатива за информатика.

OhridNews