Со организирање на пазарчиња од мал обем ЈП Градски пазар ќе се бори против нелојалната конкуренција од таканаречените диви пазарџии, но и се почестата продажба на градинарски производи низ маркетите во градот.

Токму нелојалната конкуренција од јавното претпријатие ја гледаат како причина за минатогодишниот тренд на намалување на побарувачката на тезги за продажба на земјоделски производи во градскиот пазар. 

Покрај очигледно намалената куповна моќ на граѓаните како една од основните причини, за ваквата појава дополнително влијае и нелојалната конкуренција предизвикана од постоењето на импровизирани бесправни пазари, “диви” пазарџии, присутни на различни локации. За тоа придонесува и продажбата на земјоделски производи речиси во секоја колонијална продавница, на отворен или затворен простор, најчесто без да се почитуваат стандардите на НАССЕР системот. Со оглед на тоа што негативните последици од нелојалната конкуренција најмногу ги чувствуваат корисниците на услугите во пазарот (пазарџиите) и јавното претпријатие како организатор и понатака ќе иницираме преземање мерки од страна на надлежните инспекции за сузбивање на ова појава, велат од јавното претпријатие.

На територијата на општина Охрид во функција е само пазарот на мало во централното градско подрачје. Поради зголемените потреби на граѓаните, особено во текот на летниот период,  кога фреквенцијата на луѓе е значително поголема, произлегува и можноста јавното претпријатие во соработка со основачот да обезбеди локации за организирање на пазари на мало. Тие би биле од времен карактер и помал обем, од десет до триесет тезги,  наменети исклучиво за продажба на земјоделски производи.


– Со организирање на пазарчиња од мал обем (мини-пазари) од една страна ќе се задоволат потребите на граѓаните, особено во текот на туристичката сезона, а од друга страна, во одредена мера ќе се дејствува и ќе се сузбиваат  безправните импровизирани пазари, потенцираат од ЈП Градски пазар.

OhridNews