По повод 21 март -Денот на еколошката акција на младите на Македонија, како и Светскиот ден на поезијата, во ОУТУ „Ванчо Питошески”, денес, се организираа низа активности за учениците и вработените.

Се расчистуваше училишниот двор, се уредуваа училниците и кабинетите, се вршеше засадување на садници, а се читаше и поезија на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше означен почетокот на пролетта.

Од училиштето најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и понатака со цел потикнување еколошка свест кај младите.

OhridNews