На состанокот што се одржал синоќа помеѓу претставници на организацискиот одбор и учесниците на турнирот Велгошти 2025, надминати се недоразбирањата и направен е нов распоред на натпреварите од елиминациската фаза која почнува вечерва со три натпревари.

Во елиминациската фаза на турнирот продолжуваат екипите на: Форт кафе, Гранит Х, Ресен, Аце Најдески, Кибо Пласт, Мартиник мебел, АСП ПАК, Топлина, Сатеска, БЗ Груп, Кафе бар 9, Бел Мерцедес, Чардак Велгошти, Стоматолошки центар Др. Баткоски, Инекс Олгица, и Вила Мина, информира организаторот.

Распоред на натпревари 30.07.2025, среда – елиминации

21:00 Форт кафе – Гранит Х

22:00 Ресен  – Аце Најдески

23:00 Кибо Пласт – Мартиник мебел

Г.М.