Под мотото ,, Здрава храна за детство без мана“, денес, во централниот објект на градинката „Јасна Ристеска“ со бројни активности се одбележа Денот на овошјето и зеленчукот.

На забавен начин –преку игра и песна, натпревар и дружење се изврши презентација на зеленчукот и овошјето од регионот.

Од градинката потенцираат дека во рамки на кампањата,, Здрава храна за детство без мана“,на најмладите постојано им се укажува на големото значење од користењето на зеленчукот и овошјето.


– Почнувајќи од месечното мени за исхрана на децата,каде  секојдневно оброците се збогатени со зеленчук и овошје, преку кратките пораки за здрава храна кои се сликовито прикажани за да можат децата од предучилишна возраст да ги прочитаат, до реализраните активности  со секоја група на деца во подготовка на  здрава храна во кои активности земаат учество децата, родителите и вработените во детската градинка, велат од детската градинка „ Јасна Ристеска“.


Во рамки на денешното одбележување на Денот на зеленчукот и овошјето се изврши и промоција на книгата ,,Дарежливата природа‘‘ од воспитувач Роза Костеска.

OhridNews