Во основното училиште „Христо Узунов“, утре, со почеток во 9.30 часот во организација на  општина Охрид и ЗГ „Центар за климатски промени“ ќе се одржи настан за одбележување на „Часот на Планетата Земја“.

За таа цел ќе се одржи креативна работилница со учениците од ова училиште на која ќе бидат изработени три творби: едукативен постер од пластични капачиња со еколошка порака; едукативен постер од кеси и колаж поврзан со темата „Да ја зачуваме планетата Земја“ на кој ќе бидат напишани пораки од страна на децата во името на планетата Земја, а ќе се изврши и засадување на растенија.

Изработените творби од оваа работилница ќе бидат  изложени во училишниот ходник во периодот до 26-ти март, со цел што повеќе ученици и граѓани да се информираат за настанот како и околу подигањето на еколошката свет и заштитата на животната средина.

OhridNews