Во предворјето на црквата „Св. Софија“ синоќа свечено беше отворено 11-тото издание на Меѓународниот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, во организација на Црвен крст Охрид.

„Маски“ беше подготвена од тимот на „Вдиши театар“ составен од Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц и Даниел Наумоски. На сцената настапија 9 млади волонтери на Црвен крст Охрид: Климент Размоски, Анастасија Треноска, Ева Гиновска, Лора и Леа Шумоликоски, Давид Јоанис, Теофанија Костовска, Делфина Митреска и Еге Су, кои со својата актерска игра, енергија и посветеност успеаја да ја пренесат пораката на претставата до публиката.

Фестивалот продолжува вечерва со почеток во 20:30 часот во Предворјето на црквата „Св. Софија“, каде ќе настапат гостите од Општинската организација на Црвен крст Бар, Република Црна Гора, со претставата „Очекувај го неочекуваното“.
Станува збор за комедија која на духовит начин го обработува современиот феномен на „самолечење“ и верувањето во совети од интернет наместо во стручни медицински лица. Низ низа комични ситуации, претставата го прикажува судирот помеѓу професионалното знаење и таканареченото „интернет знаење“, нудејќи многу смеа, но и повод за размислување.

Влезот за сите претстави е слободен, а Црвен крст Охрид ги поканува охриѓани и гостите на градот да бидат дел од оваа уникатна младинска театарска приказна и да ја поддржат креативноста, талентот и енергијата на младите.
OhridNews












