Со пригодна свеченост утре ќе бидат одбележани 300 години од градењето на Саат кулата во Охрид. Настанот е во организација на Лајонс клубот Лихнидос Охрид, a на иницијатива на доц. Др. Никола Митровиќ.
Најавено е обраќање на претставник од Лајонс клубот Лихнидос Драги Николоски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, амбасадорот на Р. Турција во Р. Македонија, директорот на НУ Завод и Музеј Охрид Горан Патчев и доц. Др. Никола Митровиќ.
Во рамки на настанот ќе биде поставена фотографска изложба, како и проекција на документарен филм во продукција на OhridNews, поддржан од Општина Охрид.
Настанот ќе се одржи на локацијата кај Саат кулата во стариот дел од градот со почеток во 12 часот.
OhridNews














