Со свечена академија, СОСУ Св. Кирил и Методиј“, вечерва ќе го прослави патрониот празник. Свеченоста што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот, ќе почне со настап на училишниот хор, по што ќе се обрати директорката Славица Костоска.

Присутните ќе можат да го проследат и рециталот подготвен од Активот по македонски јазик, по што ќе следат музички точки и настап на КУД „Отекс“.

OhridNews