Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз, да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците, за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Се замолуваат сите лица кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината.
Граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или чад треба веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како бесплатен број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат до населението овој број да не се злоупотребува за лажни повици, кои би предизвикале несакани последици по мирот, спокојството и безбедноста на граѓаните. Во спротивно, за прекршителите ќе бидат преземени соодветни мерки.
Со температурите расте и ризикот од пожари
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com