30-годишна скопјанка со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари.

Пријавената, од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата е-маил адреса. Исто така, на 05.09.2018 година пријавената направила уште една трансакција на банкомат во Скопје во висина од 6.000 денари.

Против 30-годишната скопјанка поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo.

OhridNews