„Кога Охрид играш ти!
Со тебе се Рибари…“

Оваа песна одекна на стадионот „Билјанини извори“ во доцните 80-ти години од минатиот век, со која официјално почна навивачката приказна во Охрид. Плавата охридска армија „BOA“ (Blue Ohrid Army“) формирана во 1987/88 година од група средношколци во Економското училиште во Охрид, во 1989 година се трансфорираше во навивачка група „Рибари“, која три децении е ветер в грб на охридските спортски клубови и заштитен симбол на градот под Самоиловите тврдини.

Оваа година „Рибари“ слават 30 години постоење. По тој повод навивачката група најавува голем спектакл кој ќе се случи на 9 и 10 ноември. Нему ќе му претходи  автомобилски караван, кој ќе се случи во недела, 3 ноември. На 9 ноември ќе следи големо пиротехничко шоу на градскиот кеј, а главниот собир е на 10 ноември во 15 часот на плоштадот кај стариот Чинар, од каде навивачите во кортео ќе се упатат кон спортската сала „Билјанини извори“ каде од 18 часот силите во ракометното дерби од Супер лигата ќе ги одмерат Охрид и Пролет.

По повод големата роденденска прослава „Рибари“ подготвија видо спот, кој го изработија „OhridNews“ и „Мега продукција“, кој го најавува спортскиот спектакл на годината во Охрид.

На прославата на јубилејот на навивачката група „Рибари“ најавени се гости од пријателски навивачки групи од земјата и странство.

Со душа и срце за тебе Охриде!

OhridNews