
Засега не се знае конечната сума што државата ќе ја одвои за подмирување на долговите. Најверојатно општините парите ќе ги добијат како позајмица, а на оптимално решение за помош на општинитезаеднички работат локалната и централната власт.
Вкупните долгови на општините се проценуваат на 12 милиони евра, што е само една десетина од вкупно наследените долгови на општините.
Неодамна градоначалникот на Охрид се поофали дека долговите на општината кон најголемиот доверител – градежната фирма „Гранит“ од 7,5 милиони евра пред 4 години сега изнесуваат само 150.000 евра.












