Во врска со случајот од 20 февруари, СВР Охрид поднесе кривична пријава против вкупно три млади лица на возраст од 17 до 20 години, сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Пријавените на жител на Охрид, упатиле закана дека ќе одат на суд во врска со кривично дело „разбојништво“ во кое бил инволвиран неговиот син и притоа изнудиле исплата на штета од 80.000 денари. –  информира СВР Охрид.

OhridNews