По налог на комунална инспекција, вработени во „Јавна хигиена“ при јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, денес беа ангажирани на расчистување на расфрлан комунален отпад на локалниот пат кој води од булеварот „Туристичка“ до село „Горно Лакочереј“. Од јавното претпријатие информираат дека во акцијата биле опфатени и селата Орман, Долно Лакочереј и Горно Лакочереј.
Во рамки на активностите собрани се поголеми количини на комунален отпад.
OhridNews












