Денес во хотел Дрим – Струга, Собранието e домаќин на 23. Конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите кои учествуваат во процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа.

На настанот учествуваат делегации од парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија. Како гости ќе учествуваат делегации од Големото национално собрание на Турција и Парламентот на Грузија.
Конференцијата традиционално се организира со поддршка на Советот за регионална соработка (RCC) и GIZ Германско друштво за интернационална соработка во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.
OhridNews












