Сочувство до семејствата на загинатите и повредените во автобуската несреќа што се случи доцна синоќа во Бугарија, изразија и градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца.

Тага, болка, солзи, непребол… Ова е голема трагедија, црн ден за Македонија. Сочувство до семејствата на загинатите, напиша градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

Голема трагедија, црн ден за Македонија. Во мое лично име и во име на граѓаните на општина Дебрца изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, напиша градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Многу тажно утро, многу болка. Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија! Посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, напиша градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.

OhridNews